May 28, 2025 | | Свет
Ливерпул се активира на трансфер пазарот со неколку амбициозни потези по минатогодишното релативно мирно лето. Според новинарот Фабрицио Романо, Милош Керкез веќе го прифатил личниот договор со клубот од „Енфилд“, а сега останува договор со Борнмут околу висината на обесштетувањето. Преговорите за левиот бек се во тек, и се очекува трансфер вреден меѓу 45 и 50 милиони евра. Доколку се комплетира, Керкез ќе биде трето засилување во летниот преоден рок. Првото пристигнување се очекува да биде Џереми Фримпонг од Баер Леверкузен. Холандскиот десен бек веќе е договорен, а трансферот е проценет на околу 35 милиони евра. Во меѓувреме, Ливерпул успеа да ја добие големата битка за потписот на Флоријан Вирц, откако ги надмудри ривалите Манчестер Сити, Баерн Минхен и Реал Мадрид. Договорот сè уште се финализира, но зделката би можела да достигне дури 150 милиони евра.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |