February 26, 2025 | | Свет
Ливерпул без проблеми го совлада Њукасл со 2-0 на „Енфилд“ и направи нов чекор напред во борбата за титулата во Премиерлигата. Гостите имаа лош почеток, бидејќи Александер Исак се повреди на загревањето и воопшто не настапи. Домашните поведоа рано, откако Доминик Собослаи погоди во 11. минута, резултат со кој заврши и првото полувреме. Во 63. минута, Алексис Мекалистер зголеми на 2-0 по асистенција од Мохамед Салах, а до крајот немаше промена на резултатот. Овој триумф му донесе уште поголема бодовна предност на Ливерпул, бидејќи Арсенал одигра нерешено кај Нотингем Форест. Сега „црвените“ имаат 13 бодови предност пред „топчиите“, кои сепак имаат натпревар помалку.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |