Ливерпул со два брзи гола го реши Ипсвич, Салах постави рекод! (ВИДЕО)

August 17, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Ливерпул со два брзи гола го реши Ипсвич, Салах постави рекод! (ВИДЕО)

Ливерпул го совлада Ипсвич со 0:2 во нивниот прв натпревар во Премиер лигата а во победата Салах постигна гол, но и направи асистенција. Според статистиката на „Squawka“, од сезоната 2017/18 па до оваа, Салах секогаш постигнувал гол или правел асистенција во првото коло од Премиер лигата. Со голот кој го постигна денес, Салах постави рекорд во Премиер лигата со девет постигнати гола во првите кола. Наредниот натпревар Ипсвич ќе го игра против Манчестер Сити во гости, а Ливерпул ќе го дочека Брентфорд.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.