Ливерпул со официјална понуда за Вирц – Германецот сака само на „Енфилд“

May 26, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Ливерпул со официјална понуда за Вирц – Германецот сака само на „Енфилд“

Фудбалскиот клуб Ливерпул ја испрати првата официјална понуда за германскиот бисер Флоријан Вирц во пакет вреден над 100 милиони евра со бонуси, а понудата веќе пристигнала во редовите на Баер Леверкузен. Преговорите меѓу двата клуба се веќе во тек и се очекува да продолжат денес со цел трансферот да биде финализиран наскоро, пренесува Фабрицио Романо. Според информации блиски до клубот, Вирц веќе ги информирал челниците на Баер дека неговата единствена желба е да премине токму во Ливерпул.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.