Ливерпул со само ДВА шута го порази ПСЖ среде Париз (ВИДЕО)

March 5, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Ливерпул со само ДВА шута го порази ПСЖ среде Париз (ВИДЕО)

Ливерпул издвои огромна победа против ПСЖ во Париз од 0-1, а херојот беше Харви Елиот на асистенција на Дарвин Нуњез. ПСЖ беше многу подобар тим на теренот, но не успеа да го скрши отпорот на Ливерпул. Иако создаде бројни можности, францускиот состав не најде решение за одличниот Алисон на голот. Во 20. минута Кварацхелија ја затресе мрежата, но голот беше поништен поради офсајд. Најважниот момент на натпреварот се случи во 87. минута, кога Харви Елиот реализираше брза контра и му донесе победа од 1-0 на Ливерпул.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.