August 6, 2025 | | Свет
Ливерпул е во полн замав со реконструкцијата на тимот, а следен кој би можел да ја напушти „Енфилд“ е уругвајскиот напаѓач Дарвин Нуњез. Според информации од англиските медиуми, „црвените“ постигнале договор со Ал Хилал за продажбата на Нуњез во висина од 53 милиони евра плус дополнителни бонуси. По продажбата на Луис Диаз во Баерн Минхен, ова ќе биде втор крупен излезен трансфер на Ливерпул во летниот преоден рок, кој се обидува да обезбеди средства за ангажман на Александер Исак од Њукасл. Сега останува само Нуњез да се согласи со личните услови. Саудискиот клуб веќе преговара со него, а тренерот Симоне Инзаги има голема желба да го види во нападот на Ал Хилал. Доколку уругвајскиот репрезентативец даде зелено светло, трансферот наскоро ќе биде официјализиран.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |