April 22, 2025 | | Свет
Ливерпул направи последен чекор во обид да го убеди Трент Александер-Арнолд да остане на „Енфилд“ и да ја одбие зделката со шпанскиот гигант Реал Мадрид, пренесуваат медиумите од Шпанија. И покрај одличната сезона во Премиер лигата и блискоста до историската 20. титула, клубот се соочува со голема загуба, а тоа е потенцијалното заминување на својот најкреативен дефанзивец. По победата над Лестер (0:1), „црвените“ задржаа солидна предност од 13 бода пред Арсенал, но сега целиот фокус е насочен кон обезбедување на иднината. Нови договори веќе потпишаа Мохамед Салах и Вирџил ван Дајк, но неизвесноста околу Трент останува. Во последните месеци се појавија информации дека 25-годишниот англиски репрезентативец ги договорил личните услови со Реал Мадрид. Желбата за нов предизвик во Ла Лига и можноста да биде дел од проектот на „кралскиот клуб“ се чини дека го привлекуваат повеќе од продолжување на престојот на „Енфилд“. Иако Ливерпул испратил финална понуда, блиски извори до играчот тврдат дека неговата одлука е веќе донесена.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |