Ливерпул заинтересиран за Нико Гонзалез, Барса се надева на трансфер!

December 25, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Ливерпул заинтересиран за Нико Гонзалез, Барса се надева на трансфер!

Како што пренесува „Mundo Deportivo“, Ливерпул се подготвува да ја исплати откупната клаузула на Нико Гонзалез која се наоѓа во неговиот договор со Порто и да го доведе шпанскиот фудбалер во своите редови. Во случај оваа трансфер операција да се реализира, Барселона ќе има значителен финансиски добиток. Нико Гонзалез минатото лето направи преселба од Барселона во Порто, а во договорот меѓу двата клуба е вклучена клаузула која предвидува дека каталонскиот тим ќе добие 40% од износот на неговиот нареден трансфер. Ова значи дека ако Ливерпул ја активира откупната клаузула за Нико Гонзалез, Барселона ќе добие 24 милиони евра, сума која ќе биде добредојдена со оглед на финансиската ситуација во која се наоѓа клубот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.