August 1, 2024 | | Свет
На 60-годишна возраст почина поранешниот тренер на Лестер Сити, Крег Шекспир. „Крег почина мирно утрово во домот опкружен со своето семејство“, се потврдува во соопштението на неговото семејство. Шекспир не успеа да ја добие битката со ракот, кој му беше дијагностициран во октомври 2023 година. Тој во 2017 година беше прв тренер на Лестер, а му беше и асистент на Клаудио Раниери во историската сезона кога тимот изненадувачки ја освои Премиер лигата. Исто така, работеше за Евертон, Вотфорд, Астон Вила и Норич, а беше и помошник тренер на Англија во 2016 година.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |