Лоша вест за Барса: Нико Вилијамс доби нова бројка во Билбао!

August 12, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Лоша вест за Барса: Нико Вилијамс доби нова бројка во Билбао!

Нико Вилијамс го замени бројот на дресот каде наместо досегашниот број 11 ќе го носи бројот десет, бројка која некогаш ја носеше Муниаин, легендата на Билбао. Се поставува прашањето дали ова е и дефинитивна потврда за тоа дека тој останува во Билбао и ќе ја одбие Барселона. Каталонскиот тим наводно не се откажува до крај каде претседателот Лапорта лично работел да го заврши овој трансфер, но после овој потег на Нико, тешко е да се предвиди што ќе се случи. „Горд сум што добив десетка од Муниаин, да испишам историја каква што испиша тој“, изјави Вилијамс. Нико Вилијамс има договор до 2027 година и досега за Билбао постигна 20 гола на 122 натпревари во сите натпреварувања. Воедно, Барселона сега размислува и за алтернативните опции бидејќи нема напредок во преговорите со Нико, па најмногу се спомнува Кингсли Коман од Баерн Минхен кој би можел да дојде на позајмица со право на откуп. На листата има уште две имиња кои засега не се откриени, а се шпекулира дека станува збор за Рафаел Леао и Луиз Диаз.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.