Лоша вест за Флик: Се повреди Јамал, познато колку ќе отсуствува

December 16, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Лоша вест за Флик: Се повреди Јамал, познато колку ќе отсуствува

Фудбалерите на Барселона го загубија водството во однос на своите ривали, откако со поразот на домашен терен од Леганес им овозможија на Атлетико Мадрид да ги стигнат на табелата. Сега двата тима имаат по 38 поени. Каталонскиот гигант се соочи со бројни проблеми во играта, додека на спротивната страна блескаше поранешниот српски репрезентативец Марко Дмитровиќ, кој со одлични интервенции го одбрани голот на Леганес. Дополнителен удар за тимот на Ханси Флик беше повредата на младиот европски шампион, Ламин Јамал. Шпанецот мораше да го напушти теренот 15 минути пред крајот на натпреварот поради исчашување на скочниот зглоб. Медицинските прегледи покажаа дека Јамал го повредил лигаментот на зглобот и ќе отсуствува од три до четири недели. Ова значи дека тој ќе ги пропушти натпреварите против Атлетико Мадрид, Барбастро и Атлетик Билбао во Суперкупот на Шпанија, но можеби ќе биде подготвен за евентуалното финале против Мајорка или Реал Мадрид на 12 јануари.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.