Лоша вест за Јувентус: Завршена е сезоната за Глејсон Бремер

October 3, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Лоша вест за Јувентус: Завршена е сезоната за Глејсон Бремер

Најдобриот стопер на Јувентус Глејсон Бремер ја заврши сезоната поради скинати вкрстени лигаменти. Тој се повреди на вчерашниот дуел против Лајцпиг и мораше да го напушти теренот во 6. минута. Било утврдено дека е повреден и неговиот менискус, а тој го напушти теренот со помош на физиотерапевт. Тој пристигна во Јувентус во во летото 2022 година од Торино за 46,9 милиони евра и брзо прерасна во еден од најважните играчи. Бремер има 27 години и неговиот договор со Јувентус трае до 2029 година.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.