Лоша вест за Реал и Јунајтед: Дејвис на чекор до нов договор!

December 5, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Лоша вест за Реал и Јунајтед: Дејвис на чекор до нов договор!

Новинарот Флоријан Плетенберг ексклузивно пренесува дека Баерн Минхен презел огромни чекори во однос на продолжувањето на договорот на Алфонсо Дејвис чиј договор истекува во јуни 2025 година. Преговорите се во тек и одат во позитивна насока, но уште некои детали треба да бидат решени. Станува збор за долгорочен договор, а во однос на платата, Дејвис направил одредени отстапки за да дојде до договор. Иако не е постигнат конечен договор, истиот е близу до реализација. Воедно, Манчестер Јунајтед кој покрај Реал Мадрид покажа конкретен за Дејвис е свесен дека Дејвис е близу до нов договор со Баерн Минхен.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.