Лоша вест за Сити: Халанд го напушти стадионот на Борнмут на патерици (ВИДЕО)

March 30, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Лоша вест за Сити: Халанд го напушти стадионот на Борнмут на патерици (ВИДЕО)

Лоши вести пристигнуваат од „Етихад“ – голгетерот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, можеби се соочува со подолга пауза откако денеска заработи повреда во четвртфиналниот дуел од ФА Купот против Борнмут. Првите информации од Англија не се охрабрувачки – Норвежанецот настрадал во пределот на скочниот зглоб на левата нога, што го примора да го напушти теренот во второто полувреме. Додека Сити славеше победа, сенката на натпреварот падна врз состојбата на нивниот прв стрелец. Загриженоста дополнително се зголеми откако на социјалните мрежи се појавија снимки на кои Халанд го напушта стадионот потпирајќи се на патерици. Ова отвора можност за подолга отсуство, па дури и сценарио во кое „машината за голови“ нема да биде достапна до крајот на сезоната.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.