Лоши вести од Словенија: Поранешниот селектор на Македонија има сериозни здравствени проблеми

January 20, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Лоши вести од Словенија: Поранешниот селектор на Македонија има сериозни здравствени проблеми

Поранешниот македонски селектор, а денес предводник на репрезентацијата на Узбекистан, Среќко Катанец, ќе ги пропушти подготовките во Доха поради влошена здравствена состојба. Според соопштението на Фудбалската федерација на Узбекистан, ова е одлука донесена по препорака на лекар. Подготовките, кои се закажани од 20 до 31 јануари, ќе ги водат неговите помошници Алеш Чех и Владо Радмановиќ. Локалните медиуми објавуваат дека Катанец се соочува со рак, но конкретни детали за неговата болест не се официјално потврдени. Се споменува дека станува збор за онкологија, но дијагнозата останува непозната. Ова не е првпат 61-годишниот словенечки стручњак да ја напушти репрезентацијата поради здравствени проблеми. Во јуни 2023 година, за време на Купот КАФА, тимот играше без него против Таџикистан, Иран и Туркменистан. Во март 2024 година, поради итно враќање во својата татковина, Алеш Чех го презеде водството на тимот за натпреварот против Хонг Конг. Познато е дека Словенецот од 2006 до 2009 година ја предводеше селекцијата на Македонија и се уште важи за еден од најдобрите селектори во историјата на нашата репрезентација.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.