Лошо помина во Барселона, сега за него „се тепаат“ двата клуба од Манчестер

March 4, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Лошо помина во Барселона, сега за него „се тепаат“ двата клуба од Манчестер

Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед ќе се натпреваруваат да го привлечат Франсиско Тринкао од Спортинг Лисабон. Весникот А Бола објави дека двата клуба сериозно се заинтересирани за 25-годишниот Португалец, кој се истакнува со одлични партии. Тринкао, еден од најдобрите играчи на Спортинг Лисабон, привлекува голем интерес со својата форма, а Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед сериозно се вклучени во трката. Спортскиот директор на „граѓаните“, Уго Виана, и тренерот на „ѓаволите“ Рубен Аморим се свесни за неговиот потенцијал и вложуваат напори за да го доведат. Во договорот на Франсиско Тринкао има клаузула од околу 80 милиони евра, и тоа е сумата која Спортинг ќе ја бара. Освен тоа, голем дел од продажбата ќе треба да оди на Барселона, која го има правото на 50% од зделката, и затоа тие внимателно го следат неговиот развој. Тринкао не се снајде најдобро по трансферот во Барселона во 2020 година и се смета за големо промашување.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.