ЛШ денес: Барса под притисок конечно да слави против Баерн Минхен

October 23, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

ЛШ денес: Барса под притисок конечно да слави против Баерн Минхен

Денеска на програмата е втората вечер од третото коло во Лигата на шампионите. Во центарот на вниманието ќе биде дуелот помеѓу Барселона и Баерн Минхен. И двете екипи се на првото место во своите национални лиги, а во меѓусебните дуели далеку подобро стои Баерн Минхен. Германскиот гигант славеше на последните шест дуели против Барселона. Последниот триумф на Каталонците беше во 2015 година со резултат од 3-0. И двата тима имаат по три бода со тоа што Баерн Минхен има малку подобра гол разлика. Сите денешни натпревари: Аталанта – Селтик (18:45) Брест – Баер Леверкузен (18:45) Атлетико Мадрид – Лил (21:00) Барселона – Баерн (21:00) Бенфика – Феенорд (21:00) Манчестер Сити – Спарта Прага (21:00) РБ Лајпциг – Ливерпул (21:00) Салцбург – Динамо (21:00) Јанг Бојс – Интер (21:00)

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.