ЛШ: Ливерпул останува перфектен, Алварез му донесе победа на Атлетико во финишот (ВИДЕО)

January 21, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

ЛШ: Ливерпул останува перфектен, Алварез му донесе победа на Атлетико во финишот (ВИДЕО)

Ливерпул ја продолжи импресивната серија во Лигата на шампионите, триумфирајќи над францускиот Лил со 2-1 во меч од седмото коло. „Црвените“ под водство на Арне Слот ја отворија средбата во 34. минута, кога Мохамед Салах го постигна водечкиот гол. На полувремето, резултатот остана 1-0, а работите се искомплицираа за Лил во вториот дел, откако Аиса Манди доби втор жолт картон. И покрај тоа, францускиот тим успеа да го врати резултатот во 62. минута со голот на Џонатан Давид. Но, само пет минути подоцна, Харви Елиот ја врати предноста за Ливерпул, поставувајќи го конечниот резултат. До крајот на натпреварот, Ливерпул целосно ја контролираше играта, но мрежите мируваа. Со оваа победа, Ливерпул остана непоразен, со максимални седум победи, додека Лил се најде на 11. позиција со 13 бодови. Во другите натпревари, Штутгарт издвои убедлива победа над Слован Братислава со 1-3. Болоња ја забележа својата прва победа во натпреварувањето со пресврт против Борусија Дортмунд (2-1). Атлетико Мадрид триумфираше над Баер Леверкузен благодарение на голот на Хулијан Алварез во 90. минута, додека дуелот помеѓу Клуб Бриж и Јувентус заврши без голови, со најнепопуларните 0-0.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.