January 29, 2025 | | Свет
Групната фаза од Лигата на шампионите заврши, а сега е време за возбудливото 1/16-финале, во кое ќе се натпреваруваат екипите што завршија помеѓу деветтото и 24-тото место. Иако компјутерската ждрепка ќе се одржи во петок, веќе се познати можните двојки, а уште во првата рунда од разигрувањето се очекуваат големи спектакли. Манчестер Сити може да се соочи со еден од гигантите – Реал Мадрид или Баерн Минхен. Едниот од овие два клуба ќе има исклучително тежок предизвик против „граѓаните“, додека другиот ќе се соочи со шкотскиот шампион, Селтик. Меѓу потенцијалните дуели се издвојува и можен италијански судир помеѓу Милан и Јувентус, што би бил вистински фудбалски класик. Она што веќе е сигурно е дека ПСЖ ќе има француски противник во првата елиминациска рунда, што гарантира дополнителна доза на неизвесност. Можни двојки за 1/16-финалето од ЛШ: Аталанта или Борусија Дортмунд – Бриж или Спортинг Лисабон Реал Мадрид или Баерн Минхен – Манчестер сити или Селтик Милан или ПСВ – Феенорд или Јувентус ПСЖ или Бенфика – Монако или Брест
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |