„Лудакот“ Биелса: „Цело време лажат, велеа дека терените се добри“ (ВИДЕО)

July 13, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

„Лудакот“ Биелса: „Цело време лажат, велеа дека терените се добри“ (ВИДЕО)

На натпреварот помеѓу Уругвај и Колумбија во полуфиналето на Копа Америка имаше шокантни и неверојатни сцени каде по натпреварот уругвајските репрезентативци влегоа во физичка пресметка со колумбиски навивачи на трибините откако Колумбиците ги нападнаа семејствата на Уругвајците. Еден од тие кои директно се тепаше со навивачите беше Дарвин Нуњез. Освен тоа, и селекторот на Уругвај Марсело Биелса беше видно нервозен и ги бранеше своите фудбалери, а упати жестоки критики до КОНМЕБОЛ кои се организатори на Копа Америка. „На стадионот се нападнати мајки со деца во своите раце. Наместо моите играчи, кои се тепаа да ги одбранат своите најмили добијат извинување сега им се заканува казна. Наместо да се казнат тие кои предизвикаа такво однесување на фудбалерите“, изјави Бјелса каде „полуде“ а видеото стана хит на социјалните мрежи.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.