Лудило во Германија: Хамбург конечно се враќа во елитата!

May 11, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Лудило во Германија: Хамбург конечно се враќа во елитата!

Стадионот „Фолкспарк“ експлодираше од емоции. Хамбургер СВ конечно се врати таму каде што, според многумина, отсекогаш и припаѓал – во Бундеслигата! По седум долги и тешки години минати во второлигашката агонија, славниот германски клуб повторно ќе биде дел од највисокото фудбалско друштво. Најавата за камбекот беше спектакуларна со убедлива победа од 6-1 против Улм пред скоро 60.000 воодушевени навивачи кои оваа ноќ нема никогаш да ја заборават. Со оваа победа, ХСВ остана на врвот на табелата, и си ја обезбеди визата за Бундеслигата, а во последното коло ќе игра само за потврда на шампионската круна против Гројтер Фирт. По последниот свиреж на судијата, започнаа незаборавни сцени каде илјадници фанови трчаа на теренот, се прегрнуваа со играчите, пееја, плачеа и славеа. Тоа не беше само промоција, туку ослободување, емоционален вриеж што ја покажа колку значи Хамбургер за германскиот фудбал. Скоро таму е и Келн, на кого му треба само уште еден бод за да ја официјализира својата промоција.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.