January 21, 2025 | | Свет
Бенфика и Барселона го одиграа можеби и натпреварот на досегашната сезона во Лигата на шампионите, дуел кој заврши со 5-4 за Каталонците на натпревар кој ќе се памети долго. Гол-шоуто започна уште во 2. минута со прецизен удар на Павалидис. Барселона брзо израмни преку Левандовски во 13. минута, но радоста не траеше долго. Шчесни направи кобна грешка во 22. минута, што Павалидис ја искористи за својот втор гол. До крајот на првото полувреме, Павалидис го комплетираше хет-трикот, носејќи предност од 3:1 за Бенфика. Во второто полувреме, Рафиња со неверојатен гол во 64. минута ја врати надежта за каталонците, но Араухо четири минути подоцна постигна автогол, зголемувајќи ја предноста на домаќините. Левандовски повторно беше прецизен од белата точка во 78. минута, а Гарсија израмни во 87. минута. Во последните моменти од натпреварот, Рафиња тргна во контранапад и ја запечати победата на Барселона, која со овој триумф обезбеди пласман во осминафиналето. На останатите натпревари, Јувентус одигра 0:0 против Клуб Бриж. Ова беше шестиот нерешен резултат без голови за италијанскиот тим сезонава. Атлетико Мадрид ја совлада Баер Леверкузен со 2:1 на меч кој изобилуваше со напрегнати моменти и црвени картони на двете страни. Ливерпул, иако потешко од очекуваното, го совлада Лил со 2:1, додека Црвена Звезда на домашен терен беше поразена од ПСВ со 2:3. Белградскиот тим се врати во игра во вториот дел по негативата од 0:3, но не успеа да извлече бод. Во последниот натпревар од вечерта, Штутгарт на гости беше поуспешен од Слован Братислава со 1:3.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |