Лудо сценарио во Серија А: Ждрепка може да одлучи кој ќе патува во Лигата на шампионите!

May 19, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Лудо сценарио во Серија А: Ждрепка може да одлучи кој ќе патува во Лигата на шампионите!

Последното коло од Серија А ветува вистински фудбалски трилер! Јувентус, Рома и Лацио остануваат во жестока трка за последното место што води во Лигата на шампионите и сценаријата се навистина драматични, па дури и бизарни. Во моментов, „старата дама“ го држи четвртото место со бод повеќе од Рома и два од Лацио. Победа против Венеција ќе значи сигурен билет за Јувентус во најелитното европско натпреварување. Но, ако тие се лизнат, вратите се отворени за хаос. Можен е и неверојатен расплет – ждрепка да одлучи кој ќе патува во Лигата на шампионите! Да, вистинска ждрепка, како во куп-натпревар, но на крај од првенство! Според правилата на Серија А, ако два тима завршат со ист број бодови, прв критериум се меѓусебните дуели. Јувентус и Рома таму се изедначени: 0-0 и 1-1. Следно се вкупната гол-разлика и бројот на постигнати голови. А тука, доколку Венеција слави над Јувентус со три гола разлика, а Рома одигра 2-2 против Торино – двата клуба би завршиле со идентични параметри! Во таков случај, сцената ја презема – ждрепката! Лигата на шампионите одлучена од ливче во чинија? Во Италија – сè е можно. На пример: Јувентус загуби со 3-0 од Венеција, Рома одигра 1-1 против Торино и Лацио не успее да го победи Лече. Јувентус загуби со 4-1 од Венеција, Рома одигра 2-2 против Торино и Лацио не успее да го победи Лече. При вакви резултати, Јувентус и Рома ќе имаат ист број на бодови, ист број на дадени и примени голови, односно иста вкупна гол разлика. Па како што пренесува Скај Италија, последното место од Калчото кое носи настап во Лигата на шампиони ќе биде одредено со ждрепка. Во канцелариите на Серија А во Милано, имињата на двата клуба ќе бидат ставени во топчиња и претседателот на Серија А, Енцио Симонели ќе изврши влечење.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.