July 20, 2025 | | Свет
Од херој до предавник – така навивачите на Ливерпул го доживуваат Луис Диаз. Кога неговиот татко беше киднапиран во Колумбија, целиот клуб и навивачите му изразија поддршка и солидарност, но сега Колумбиецот, наместо благодарност, се враќа со гест што ги разбесни сите на „Енфилд“. Наместо да присуствува на погребот на својот соиграч Диого Жота – човекот кој беше меѓу првите што му пружија поддршка во тешките моменти – Диаз бил фатен како се забавува во Колумбија. Овој чин го налути „Црвениот“ дел од Мерсисајд, па фановите веќе му порачаа: „Не ни се враќај на Енфилд!“ Како шлаг на тортата, Диаз со груб притисок бара трансфер во Баерн Минхен. Иако Ливерпул ја одби првата понуда од германскиот гигант, самиот играч сега поставува ултиматуми, што може да ја ослабне преговарачката позиција на клубот. Според извори блиски до трансферот, Баерн веќе има договорено лични услови со Диаз и подготвува нова, засилена понуда. Нивната надеж е дека Ливерпул ќе попушти поради однесувањето на Диаз, кој со својот бунт го турка трансферот по секоја цена.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |