Луис Енрике: Лига 1 не е фармерска, тешко е да победиш

October 16, 2026 | Kristijan Trajchov | Свет

Луис Енрике: Лига 1 не е фармерска, тешко е да победиш

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, одговори на критиките дека француската Лига 1 е „лига на земјоделци“, израз со кој некои ја омаловажуваат конкуренцијата во францускиот фудбал. „Ова е типичната врева што го следи Пари Сен Жермен. Кога не бев тука, слушав: ‘ПСЖ не може да победува во Европа затоа што Лига 1 не е доволно квалитетна’. А потоа, кога ќе победите, велат: ‘Тоа е поради нивото на Лига 1…’“, изјави Енрике. Шпанскиот стратег смета дека ваквите коментари се дел од фудбалот и дека секогаш ќе има луѓе кои ќе се жалат. „Таков е животот. Нормално е, многу луѓе се жалат… Победувањето секогаш е тешко“, порача тренерот на ПСЖ.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.