Луис Енрике не толерира: По Дембеле, го казнува и Донарума!

October 4, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Луис Енрике не толерира: По Дембеле, го казнува и Донарума!

Луис Енрике е познат како тренер кој е принципиелен и кој воопшто нема проблем да им се спротистави на големите имиња. Тоа се случи со Меси во 2015 година кога влегоа во конфликт по поразот од Реал Сосиедад, но потоа ја смирија топката и на крај ја освоија „тројната круна“. Пред натпреварот на ПСЖ против Арсенал тој го изостави Дембеле од составот поради недисциплина каде Французинот мораше да се извини за да се врати во тимот. Донарума беше крив и за двата гола на Арсенал, па Енрике можеби и нема да му прости за лошиот настап. Сега пак, „L'Equipe“ пренесува дека казна може да следува и за голманот Донарума кој во моментов е во очајна форма. Имено, Енрике размислува да го седне Италијанецот на клупа и на негово место да брани Матвеј Сафонов.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.