March 20, 2025 | | Свет
Лука Модриќ беше принуден да ја пропушти прес-конференцијата пред четвртфиналниот дуел на Хрватска против Франција во Лигата на нациите. Иако првично требаше да одговара на новинарските прашања, во последен момент беше повлечен од настанот бидејќи го изгубил гласот. На негово место зад микрофонот застана голманот Доминик Ливаковиќ. Сепак, тоа нема да го спречи 39-годишниот капитен да настапи во натпреварот, каде што ќе го предводи својот тим со капитенската лента. Првиот меч од четвртфиналето меѓу Хрватска и Франција ќе се одигра вечерва во 20:45 часот, а реваншот во Париз е закажан за 23 март. Овие два тима се сретнаа и во групната фаза на турнирот во 2022 година, кога Хрватите не загубија – одиграа 1-1 на домашен терен, а во реваншот во Париз славеа со 1-0. Сличен резултат во овие натпревари би бил идеален за тимот на Златко Далиќ, бидејќи би им овозможил пласман во полуфиналето.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |