Лука Модриќ и Лионел Меси – нов тандем во Интер Мајами?

May 23, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Лука Модриќ и Лионел Меси – нов тандем во Интер Мајами?

Хрватскиот фудбалски ас Лука Модриќ нема да остане долго без клуб откако Реал Мадрид синоќа официјално потврди дека на крајот од сезоната ќе се раздели со легендарниот плејмејкер. По повеќе од една деценија на „Сантијаго Бернабеу“, Модриќ ќе започне ново поглавје во кариерата. Според информациите на шпанскиот весник Мундо Депортиво, искусниот играч за врска ќе ја продолжи кариерата во американската МЛС лига и тоа во редовите на Интер Мајами – клубот во кој настапува и неговиот поранешен ривал од Ел Класико, Лионел Меси. Како што се наведува, Модриќ ќе потпише едногодишен договор со Интер Мајами, кој ќе му донесе околу 2,5 милиони долари годишна плата. Се шпекулира дека Меси лично стапил во контакт со Модриќ со цел да го убеди да се приклучи на проектот во Мајами, што на крајот резултирало со договор меѓу страните. Претходно, Хрватот се надевал на нова шанса во „кралскиот клуб“, дури и разговарал со новиот тренер Чаби Алонсо за продолжување на соработката, но управата предводена од Флорентино Перез решила да стави крај на соработката.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.