May 24, 2025 | | Свет
По 13 години во дресот на Реал Мадрид, хрватската фудбалска легенда Лука Модриќ би можел изненадувачки да ја продолжи кариерата во редовите на Хетафе, објави шпанскиот портал Defensa Central. Иако долго време се шпекулираше за негово заминување во Саудиска Арабија или во МЛС, новото сценарио нуди останување во Шпанија, но во дресот на далеку поскромниот градски ривал. Причината? Модриќ не сака да се сели од Мадрид, каде што со семејството живее повеќе од една деценија и каде што има длабоки корени. Дополнителен елемент што ја засилува оваа приказна е можноста поранешниот капитен и клупска икона на Реал Мадрид, Раул Гонзалес, да седне на клупата на Хетафе. Така, два симболи на „кралскиот клуб“ би се нашле во нов амбициозен проект, што веќе предизвикува голем интерес во шпанската јавност. Иако од клубовите и играчот засега нема официјална потврда, трансферот изгледа сѐ пореален, особено со оглед на желбата на Модриќ да продолжи да игра на врвно ниво без драстични промени во својот начин на живот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |