July 15, 2025 | | Свет
Хрватскиот фудбалски маестро Лука Модриќ, кој вчера официјално го комплетираше трансферот во редовите на Милан, денеска повторно беше во центарот на вниманието – но овојпат не поради неговите фудбалски квалитети, туку поради големината на неговото срце. Во соработка со клубот, Модриќ беше дел од специјално изненадување за едно дете по име Грегори – млад фан на „росонерите“ и огромен обожавател на хрватската фудбалска ѕвезда. Грегори мислеше дека само ќе го разгледа „Миланело“, но доживеа момент кој ќе го памети засекогаш. Кога во просторијата влезе Модриќ, малиот навивач остана без зборови, а неговата реакција – мешавина од неверување, среќа и солзи – ги растопи срцата на сите присутни. Модриќ веднаш го прегрна детето, му подари дрес со автограм и помина неколку минути во разговор со него, покажувајќи ја својата големина.
View this post on Instagram
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |