August 18, 2025 | | Свет
Наполи денеска објави официјални информации околу повредата на белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку, која ја заработи на пријателскиот натпревар против Олимпијакос. Од клубот потврдија дека напаѓачот има сериозна повреда на левиот бутен мускул, а по направените медицински тестови е започната програма за рехабилитација. Дополнително, Лукаку ќе замине и на специјалистички консултации за можно оперативно решение. Италијанските медиуми јавуваат дека искусниот напаѓач би можел да отсуствува околу три месеци, што претставува голем удар за тренерот Антонио Конте кој планираше да го има Белгиецот како прва напаѓачка опција во новата сезона. Доколку прогнозите се остварат, Лукаку сигурно ќе ги пропушти повеќе натпревари на Наполи во Серија А, како и почетните кола од Лигата на шампионите. Освен тоа, тој ќе биде недостапен и за белгиската репрезентација во квалификациите за Европското првенство – што значи дека нема да игра на мечот против Македонија закажан на 10 октомври.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |