Лукаку конечно потпиша за Наполи!

August 29, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Лукаку конечно потпиша за Наполи!

И официјално е потврден трансферот на Ромелу Лукаку во Наполи. Трансферот ќе чини 30 милиони евра плус бонуси. Белгиецот ќе потпише договор на три години. Лукаку сакаше само во Наполи каде повторно ќе соработува со Антонио Конте. Во Челси дојде од редовите на Интер за неверојатни 113 милиони евра. Откако потпиша за тимот од Лондон, се врати во Интер на позајмица, па потоа на друга позајмица во Рома, а сега конечно Челси го продаде.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.