June 25, 2025 | | Свет
Ромелу Лукаку не бираше зборови за да ја опише фрустрацијата по ремито со Македонија (1-1) во Скопје – резултат кој Белгијците го доживуваат како неуспех. Ѕвездата на Наполи беше искрен и самокритичен, признавајќи дека тимот не одиграл на очекуваното ниво. „Секако дека сè уште ми е во глава тој меч. Знам дека зафркнавме во Македонија. Неприфатливо е. Имавме доволно шанси да го убиеме мечот, но не го направивме тоа“, рече Лукаку. Тој го пофали настапот на македонските репрезентативци Елиф Елмас и Енис Барди, посочувајќи дека токму нивниот креативен и борбен пристап го направил мечот исклучително тежок за Белгија. „Кога Елмас ја има топката во нозе, тешко е. Знаеме што може. Не го исклучивме од игра, ниту него ниту Барди, и затоа плативме цена“, додаде Лукаку. Иако Македонија моментално е лидер во групата за квалификации за СП 2026, Белгија има два натпревари помалку и верува дека сè уште ништо не е загубено. Но, Лукаку јасно порача – повеќе нема простор за грешки.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |