Лукман побара трансфер: Нигериецот инсистира на Интер, Аталанта не попушта

August 3, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Лукман побара трансфер: Нигериецот инсистира на Интер, Аталанта не попушта

Напаѓачот на Аталанта, Адемола Лукман, јавно објави дека официјално поднел барање за трансфер и инсистира на преселба во Интер. Според италијанските медиуми, миланскиот гигант досега испратил две понуди – втората била вредна 42 милиони евра плус 3 милиони во бонуси, но Аталанта бара минимум 50 милиони евра за да го пушти својот клучен фудбалер. Во подолг пост на социјалните мрежи, Лукман изрази разочараност од третманот во клубот. „Сметам дека веќе е доста. Немам друг избор освен да проговорам за она што ми изгледа исправно. Потврдувам дека поднесов барање за трансфер. Се надевам дека заедно со клубот ќе најдеме решение што е можно поскоро“, напиша 26-годишниот напаѓач. Лукман веќе три сезони го носи дресот на Аталанта, во кои постигна 52 гола и 25 асистенции на 188 натпревари, а неговите одлични настапи предизвикаа голем интерес од страна на Интер, кој сака да го засили нападот пред новата сезона.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.