Луксуз без граници: Откриени деталите од новиот договор на Кристијано Роналдо со Ал Наср

June 26, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Луксуз без граници: Откриени деталите од новиот договор на Кристијано Роналдо со Ал Наср

Кристијано Роналдо и Ал Наср денеска ја официјализираа новата двегодишна соработка – Португалската ѕвезда ќе остане во Саудиска Арабија до јуни 2027 година.

Според договорот, Португалецот ќе заработува 178 милиони фунти годишно, односно 3,4 милиони фунти неделно. Но тоа е само почетокот на листата на бонуси и погодности кои ги добива.

Клучни точки од договорот:

  • 15% сопственост во клубот Ал Наср, проценета на 33 милиони фунти

  • Бонус за потпис од 24,5 милиони фунти, кој се зголемува на 38 милиони ако ја активира втората година од договорот

  • 80.000 фунти бонус за секој постигнат гол (се зголемува за 20% во втората година)

  • 40.000 фунти бонус за секоја асистенција (со исто зголемување)

  • 8 милиони фунти бонус ако Ал Наср ја освои лигата

  • 4 милиони фунти ако Роналдо ја освои „Златната копачка“ во лигата

  • 6,5 милиони фунти бонус ако клубот се пласира и ја освои АФК Лигата на шампиони

  • 4 милиони фунти трошоци за приватен авион, покриени од клубот

  • 60 милиони фунти вредни спонзорски договори од нови компании во Саудиска Арабија и азискиот пазар

Освен парите, Роналдо ќе има на располагање 16 луѓе кои работат исклучиво за него, меѓу кои:

  • 3 возачи

  • 4 домаќинки

  • 2 лични готвачи

  • 3 градинари

  • 4 телохранители

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.