Лунин се договорил со Челзи, Кепа го чека Реал!

July 19, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Лунин се договорил со Челзи, Кепа го чека Реал!

Голманот на Реал Мадрид, Андриј Лунин наводно се договорил со Челзи, но Реал се уште нема примено понуда од тимот од Лондон за Лунин. Украинскиот голман имаше извонредна сезона во отсуство на повредениот Тибо Куртоа, а за финалето на Лигата на шампионите беше извисен и Куртоа пак бранеше. Ако премине во Челзи, конкуренција ќе му бидат Шпанецот Роберт Санчез и Србинот Ѓорѓе Петровиќ. Челси за Санчез издвои 23, а за Петровиќ 16 милиони евра. Што се однесува до Кепа, тој минатата сезона беше во Реал на позајмица од Челзи, а ако Лунин замине, Кепа ќе биде една од опциите за да го замени во Реал Мадрид. Самиот Кепа дава приоритет на Реал иако има понуда од Ал Итихад.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.