March 30, 2025 | | Свет
Реал Мадрид вчера запиша важна победа од 3-2 против Леганес. Воедно, натпреварот беше исполнет со многу контроверзни моменти во кој спорен беше досудениот пенал за Реал, недосуден потенцијален пенал за гостите, непостоечки фаул при голот на Мбапе и недосуден уште еден потенцијален пенал за гостите во судиското надополнување во самиот финиш. По натпреварот, реагираше дури и Андри Лунин, голманот на Реал Мадрид кој отворено призна дека натпреварот бил добиен со помош на судиите. „Не сакам да зборувам за одлуките на судиите, мораме да ги победуваме овие натпревари без нивна помош. Ваквите натпревари треба да ги решаваме играјќи добро, организирано, трудејќи се да не примаме гол“, рече Лунин.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |