March 9, 2025 | | Свет
Манчестер Јунајтед и Арсенал одиграа нерешени 1-1 на „Олд Трафорд“ во рамките на 28. коло од Премиер лигата. Првото полувреме Арсенал за нијанса беше подобар, но и покрај тоа прв прими гол каде стрелец беше Бруно Фернандеш кој прекрасно погоди од слободен удар. Арсенал силно започна во вториот дел, создавајќи две одлични прилики. Тросар и Одегард се обидоа да го совладаат Онана, но безуспешно. Од другата страна, Раја покажа класа со одбраните на ударите на Мазрауи и Зиркзе, кој се обиде да постигне спектакуларен погодок со пета. Како што се ближеше крајот на дербито, „топчиите“ го засилија притисокот, што вроди со плод во 74. минута. Деклан Рајс со својот препознатлив удар од далечина го матираше Онана и донесе израмнување. Тренерот Аморим веднаш реагираше, внесувајќи свежина во нападот со Хојлунд. Данецот брзо се најде во две одлични шанси, но во двата наврати не успеа да го надмудри Раја. Во самата завршница, шпанскиот голман беше херој за Арсенал, спречувајќи сигурен погодок на Бруно со неверојатна интервенција и осигурувајќи вреден бод за својот тим на ова тешко гостување.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |