July 20, 2025 | | Свет
Интер Мајами се врати во голем стил. По непријатниот пораз од Синсинати, тимот на Лео Меси демонстрираше моќ на гостувањето кај Њујорк Ред Бул и славеше убедливо со 5-1. Домашните први се радуваа – Хек ја затресе мрежата уште во 14. минута, но тоа само ги разлути гостите од Флорида. Алба брзо израмни преку страшната асистенција на Меси, а потоа Шеговиа со два гола ја преврти приказната во корист на Мајами. Вистинската магија, сепак, пристигна во второто полувреме. Лео Меси уште еднаш ја потврди својата класа – два гола и спектакл кој ја завери победата на Интер Мајами. Катастрофално второ полувреме за Њујорк, а уште една бравура од Аргентинскиот маестро кој не престанува да воодушевува во МЛС.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |