May 15, 2025 | | Свет
Каталонската гордост Барселона, ја впиша својата 28. шампионска круна во шпанскиот фудбал, триумфирајќи во градското дерби против Еспањол со 0-2. На гостински терен, под притисок и во бурна атмосфера, избраниците на Ханси Флик покажаа зрелост, моќ и класа. Првото полувреме мина во тактички шах, но вториот дел донесе фудбалска поезија. Во 53. минута, блесна младата ѕвезда Ламин Јамал, кој по мајсторска акција со Дани Олмо ја затресе мрежата на ривалот со прецизен и елегантен удар. Како шлаг на тортата, пред самиот крај Јамал ја презеде улогата на диригент и го проигра Фермин Лопез, кој рутински реализираше за конечни 0-2 и нова страница во шампионската историја на клубот. Барса го симна Реал Мадрид од тронот, но „кралевите“ сè уште водат во вечната трка со 36 титули. Сепак, младата и разиграна Барселона јасно покажува, иднината е нејзина.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |