December 8, 2024 | | Свет
Горан Пандев продолжува да биде редовен гостин во италијанските медиуми, а овој викенд беше интервјуиран од страна на „Sky Sports“, по повод дербито меѓу Наполи и Лацио. Пандев, кој успешно настапуваше за двата италијански клуба, ги сподели своите размислувања за моменталната форма, квалитетите и амбициите на двете екипи, кои во моментов се на врвот на табелата во Серија А. Во разговорот, Пандев ги обнови спомените од неговиот период во Наполи и Лацио, но не можеше да го изостави и својот престој во Интер, каде што го освои славниот „триплета“ под водство на Жозе Мурињо, остави трајно наследство во клубот. Во истата емисија, неговиот поранешен соиграч од Интер, Маикон, кој беше еден од најдобрите светски бекови во тоа време, го поздрави Пандев. Бразилецот се обрати емотивно, во живо, пред големиот телевизиски аудиториум, покажувајќи голема почит кон својот некогашен колега. „Беше навистина голема чест да го носам дресот на Интер со тебе, беше навистина голем фудбалер, соиграч и пријател. Никогаш нема да го заборавам голот кој му го даде на Баерн Минхен за 3:2, тоа е слика која никогаш нема да ја заборавам. Најдобри желби, те сакам брату и голем бакнеж“, рекол Маикон во видео вклучувањето. Тој алудираше на голот за победа на Пандев во Минхен, во сезоната 2010/11.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |