Мајката на Роналдо низ солзи: Ова беше шок за мене

October 9, 2026 | Kristijan Trajchov | Свет

Мајката на Роналдо низ солзи: Ова беше шок за мене

Мајката на Кристијано Роналдо, Долорес Авеиро, тешко го прифати драматичното заминување на својот син од португалската репрезентација. Во изјава за TV7 Dias, таа откри дека била длабоко погодена од начинот на кој завршила неговата приказна со националниот тим. „Тажна сум, тоа е нормално. Беше шок. Мојот син можеше да замине низ главната врата, но наместо тоа, замина низ задната“, изјави Долорес. Таа призна дека не можела да ги задржи солзите, но додаде дека понекогаш е важно човек да ги ослободи емоциите и да продолжи понатаму. „Малку плачев. Добро е понекогаш човек да се исплаче. Сега мораме да продолжиме напред“, порача мајката на португалската фудбалска ѕвезда. Долорес смета дека Роналдо отсекогаш бил еден од најголемите херои на Португалија, но верува дека не добил признание какво што заслужува. „Тој отсекогаш бил херој на Португалија. Не го ценат онака како што би требало“, истакна таа.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.