Мајкл Антонио доживеал тешка сообраќајна несреќа

December 7, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Мајкл Антонио доживеал тешка сообраќајна несреќа

Фудбалскиот клуб Вест Хем преку социјалните мрежи ги информираше навивачите и спортската јавност дека Мајкл Антонио доживеал сообраќајна несреќа. Иако деталите се уште не се познати, изгледа дека несреќата е сериозна, бидејќи во објавата се наведува дека сите во клубот се со мислите и молитвите е со Антонио и неговото семејство. Фотографиите од уништеното Ферари брзо се раширија на социјалните мрежи, но нема потврда дали тие се автентични. Според неофицијалните информации, центарфортерот на „Чеканите“ бил префрлен со хеликоптер во болница од Епинг Форест во Есекс, каде што се вели дека се случила несреќата. Молитвите за 34-годишниот фудбалер од Јамајка не траеа долго да дојдат, а на нив им се придружија и другите англиски клубови за кои играше, како Ридинг, Шефилд Венсдеј и Нотингем Форест. „Вест Хем може да потврди дека нашиот центарфор Мајкл Антонио денеска доживеа сообраќајна несреќа. Сите ние во клубот се молиме за Мајкл, неговото семејство и пријателите. Клубот ќе продолжи да ја информира јавноста“, се наведува во краткото соопштение на социјалните мрежи.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.