Мајсторија на Милитао и гол на Мбапе – Реал со максимален старт во Ла Лига (ВИДЕО)

September 20, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Мајсторија на Милитао и гол на Мбапе – Реал со максимален старт во Ла Лига (ВИДЕО)

Реал Мадрид ја продолжи совршената серија во новата сезона од Ла Лига и во 5. коло на „Сантијаго Бернабеу“ го совлада Еспањол со 2-0. „Кралевите“ остануваат единствениот тим со максимални 15 бодови по пет натпревари. Натпреварот го одбележа вистински спектакуларен гол на Едер Милитао уште во 22. минута – дефанзивецот со неверојатен удар од речиси 40 метри ја затресе мрежата и донесе рана предност за Реал. Голманот Дмитровиќ беше немоќен пред овој ремек-дело кој навивачите долго ќе го паметат. Само што започна второто полувреме, на сцена стапи Килиан Мбапе. Францускиот ас во 47. минута прецизно стрелаше за 2-0 и уште еднаш ја потврди својата фантастична форма. До крајот избраниците на Алонсо без проблеми го контролираа ритамот и не дозволија Еспањол да се врати во игра.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.