April 13, 2025 | | Свет
Римското дерби меѓу Лацио и Рома заврши без победник – 1-1, а мечот од 32. коло на Калчо-лигата ќе се памети по спектакуларниот погодок на Матијас Соуле. Аргентинецот со маестрален удар од 25 метри донесе бод за „волчицата“ и го спречи триумфот на вечниот ривал. Лацио го отвори резултатот преку Ромањоли, кој погоди со глава, наградувајќи ја доминацијата на „сино-белите“ во првото полувреме. Пред тоа, Рома можеше да биде во сериозен проблем, но голманот Свилар блескаше со две клучни интервенции кои ја одржаа својата екипа во игра. И покрај водството, Лацио не успеа да го задржи резултатот. Матијас Соуле ја замолкна домашната публика со вистински еврогол, и со тоа го спаси својот тим од пораз во оваа интензивна градска пресметка.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |