Мајсториште: Роналдињо го смрзна Реал со фантастичниот слободен удар (ВИДЕО)

November 29, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Мајсториште: Роналдињо го смрзна Реал со фантастичниот слободен удар  (ВИДЕО)

Во Катар беше организиран ревијален натпревар помеѓу ветераните на Барселона и Реал Мадрид во натпревар во кој Роналдињо уште еднаш ја покажа својата класа. Ревијалниот меч во регуларниот дел заврши 2-2, а Барселона потоа на пенали го доби Реал Мадрид. Во дресот на Барселона настапија легенди како Роналдињо, Ривалдо, Франк де Бур, Клајверт, Мендиета, Жули, Виља и Кварезма, додека пак во белиот дрес на „кралевите“ истрчаа Кларенс Сидорф, Луис Фиго, Жулио Баптиста, Фернандо Санц, Бујо, Миља, Иван Кампо, Конго и многу други. Внимание привлече потегот на Роналдињо кој уште еднаш покажа за каков мајстор се работи. Бразилецот упати магичен удар и ја затресе мрежата на Франсиско Бујо кој не се ни помрдна.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.