„Македонецот“ кој настапува за Тотенхем го слави роденденот во дрес на Црвена звезда (ФОТО)

April 26, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

„Македонецот“ кој настапува за Тотенхем го слави роденденот во дрес на Црвена звезда (ФОТО)

Шведскиот репрезентативец со македонско потекло, Дејан Кулушевски, го прослави својот 25. роденден на интересен начин, облечен во кошаркарски дрес на Милош Теодосиќ од Црвена звезда, што изненади многумина. Фотографијата ја објави неговата сопруга Сандра, прикажувајќи го Кулушевски како лежи опкружен со своите миленици. Роден во Стокхолм во македонско семејство, татко му Стефан е од Охрид, а Кулушевски настапуваше за младинските селекции на Шведска и Македонија, пред на крајот да го избере шведскиот национален тим. Во клубската кариера, тој се проби преку редовите на Аталанта, блесна во Парма, а потоа за 35 милиони евра премина во Јувентус. Од 2022 година ги брани боите на Тотенхем, каде веќе одигра 113 натпревари и постигна 22 гола. За репрезентацијата на Шведска има 45 настапи и пет погодоци.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.