Малерот Зиркзе му одзеде чист гол на Гарначо! (ВИДЕО)

August 24, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Малерот Зиркзе му одзеде чист гол на Гарначо! (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед загуби со 2-1 на гостувањето кај Брајтон каде Жоао Педро постигна гол во 95. минута за победа. Она што го одбележа натпреварот е поништениот гол на Гарначо поради неговиот колега Зиркзе. Имено, Зиркзе сакаше да ја фати топката нафрлена од Бруно Фернандеш каде со лизгање се обиде да ја удри топката, но не успеа, а таа стигна до Гарначо кој шутираше, па топката го погоди Зиркзе кој всушност веќе беше во офсајд. Тоа беше втор поништен гол за Јунајтед на натпреварот откако претходно поради офсајд беше поништен погодокот на Маркус Рашфорд.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.