Малку фалеше Реал да направи од готово вересија против Селта! (ВИДЕО)

May 4, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Малку фалеше Реал да направи од готово вересија против Селта! (ВИДЕО)

Реал Мадрид оствари тешка победа над Селта со 3-2, иако имаше убедливо водство од 3-0 и на крајот мораше да се брани за да ги задржи трите бода. Натпреварот беше отворен во 33. минута со маестрален погодок на Арда Ѓулер, кој донесе водство за „кралевите“. Само четири минути подоцна, Килијан Мбапе ја удвои предноста и со резултат 2-0 се замина на полувреме. Веднаш по почетокот на вториот дел, Ѓулер се запиша со асистенција до Мбапе, кој повторно беше прецизен за убедливо водство од 3-0. Сепак, Селта не се предаде. Во 69. минута, Родригез реагираше најдобро по една мешаница по корнер и намали на 3-1. Само шест минути подоцна, Иаго Аспас влезе во игра и веднаш го освежи тимот со ефектна асистенција до Шведберг, кој ја намали разликата на само еден гол – 3-2. Во финишот, Селта имаше неколку прилики за израмнување, но Реал успеа да ја задржи предноста и да запише важна победа пред големото дерби со Барселона.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.