Мамардашвили: Се кладев со Винисиус на 50 евра дека ќе му го фатам пеналот, но не ми ги даде парите!

April 5, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Мамардашвили: Се кладев со Винисиус на 50 евра дека ќе му го фатам пеналот, но не ми ги даде парите!

На „Сантијаго Бернабеу“, пред да се изведе пеналот од Винисиус, Мамардашвили решил да ја предизвика бразилската ѕвезда. „Се обложив со него во 50 евра дека ќе му го одбранам ударот и успеав. Но, уште ги чекам тие пари“, се пошегува Грузиецот по мечот. Иако анегдотата ја засени драмата на теренот, победата на Валенсија од 2-1 против „кралевите“ беше вистинската сензација на вечерта. Екипата покажа цврстина, карактер и го замолкна „Бернабеу“, барем за момент.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.